Радио Милева нема крај

Драмата продолжува: По Саша Поповиќ сега се огласи и дисквалификуваната кандидатка: „Не можам да дозволам да се шират лаги за мене“

Драмата продолжува: По Саша Поповиќ сега се огласи и дисквалификуваната кандидатка: „Не можам да дозволам да се шират лаги за мене“

По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ, Саша Поповиќ гостуваше во утринската програма на телевизија Прва каде што ги откри деталите.

Тој истакна дека откако Јелена Карлеуша упатила негативни критики на сметка на Вања, по емитувањето на емисијата, девојката на Инстаграм стори споделила објави со кои ги навредуваа Карлеуша.

фото: принтскрин

Меѓутоа, кога продукцијата размислувала да ја врати во „Гранд“, кандидатката на Инстаграм стори објавила постови со ги навредува „Ѕвездите на Гранд“.

Саша Поповиќ проговори за дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ: „Нејзиниот татко ми се јави и ме молеше да ја вратиме“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

По огласувањето на Поповиќ, сега се огласи и Кнежевиќ.

„Само што се вратив од Белград. Ова отиде предалеку. За жал,морам повторно да реагирам. Не можам да дозволам да се шират лаги за мене. Се е лошо претставено. Гледам дека народот знае која е вистината. Не сакам ништо да се турка под тепих, ме навредуваа. Поминав преку сè, по емотивната емисија ја видов вистинската слика. На сè реагирав културно и смирено. Саша се фаќа за моето „Стори“, а навредите во емисијата, а навредите после емисијата? За тоа не сака да зборува“, вели Вања.

„Од ова излегов како победник. Им простувам за се, важно е кој е човек, им простувам за малтретирањето“, вели Кнежевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VANJA KNEŽEVIĆ (@knezevicvanja)

Потсетуваме, Вања беше дисквалификувана на барање на Јелена Карлеуша бидејќи кандидатката на „Инстаграм стори“ реобјави постови во кои ја навредува пејачката.

To top