Драган Којиќ Кеба се повреди на генералната проба од шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Пејачот мораше да биде однесен во болница каде заврши на шиење и доби три конци на левата нога која ја повредил на сцената.
“Ние сме навикнати на тоа дека Кеба беше многу посветен на сите задачи и претходната сезона, а така ја продолжи и оваа.
Кеба се повреди минатата ноќ, па после повредата заврши со конци на левата нога”, раскажува изворот, а потоа и Кеба ја потврди приказната за српски „Курир“:
„Се случи на проба минатата ноќ. За мене е комплицирано да зборувам сега. Три конци под коленото на левата нога. Ме зашијаа“, рече Кеба во кратката изјава.