Радио Милева
колабирала...

Драма пред настапот на познатата српска пејачка: Љупка Стевиќ се онесвестила пред да се качи на бина, гостите се обиделе да ја вратат во живот (ФОТО)

Драма пред настапот на познатата српска пејачка:  Љупка Стевиќ се онесвестила пред да се качи на бина, гостите се обиделе да ја вратат во живот (ФОТО)

Познатата српска пејачка Љупка Стевиќ викендов се онесвестила пред настап во еден клуб, наводно, непосредно пред да излезе на самата бина.

Имено, очевидци кои што се нашле на лице место во детали за српските медиуми раскажаа што навистина се случило.

„Љупка пристигна половина час пред да излезе на бината. Делуваше како се’ да е во најдобар ред или таа тоа вешто го криела . Не делуваше дека  нешто ќе тргне наопаку“. Во еден момент пејачката пребледела, се струполила и се онесвестила, раскажува извор за српските медиуми.

Како што открил истиот, веднаш била повикана Брза помош, а истата не пристигнала, па припадници од обезбедувањето со автомобил морале да ја однесат во болница.

Луѓето испаничиле и се обидувале да ја вратат во живот, но таа не реагирала, открива друг извор.

„Веднаш беше повикана Брза помош, но таа не се појави. Луѓето во клубот се обидуваа да ја вратат во живот, но таа не реагираше. Сите се испаничија. Момчињата од клубот ја кренаа на раце и со автомобил ја однесоа во болница“ – открива извор кој што се нашол на лице место на немилиот настан.

Фото: Фесјбук принтскрин/Ljupka Stevic

Останати вести од Радио Милева