Радио Милева за малку трагедија...

Драма на небо: Во моторот на авионот во кој биле познатите српски пејачи влетала птица, патниците во паника

Драма на небо: Во моторот на авионот во кој биле познатите српски пејачи влетала птица, патниците во паника

Авионот во кој биле Сека Алексиќ, Мирослав Илиќ и Јадранка Барјакатаревиќ 20 минути по полетувањето од Цирих морал да се врати на пистата.

Имено, во мотор на авинот влетала птица која го попречувала летањето. Пилтот веднаш го променил правецот на летање, а патниците почнале да паничат.

фото:: принтскрин/инстаграм/секаалекиќ

„Ваквите инциденти може да предизвикаат сериозни проблеми. Патниците беа во авионот кој полета точно на време. Ништо не покажуваше дека може да тргне на лошо. Во тој авион беа Сека Алексиќ, Мирослав Илиќ, Јадранка, како и менаџерот на Аца Пејовиќ, Александра Пријовиќ и Даниел Блашко. Удобно се сместија, а по обичај стујардесите ги направија потребните проверки. Сите места беа потполнети, а авионот тргна по пистата“  вели изворот.

фото: никола томиќ

„Убаво се слушна дека авионот го промени звукот. Почна да крцка и да прави врева, а тоа беше многу непријатно за слушање. Одеднаш пилтотот го промени правецот на летање и патниците почнаа да се плашат. Децата почнаа да плачат, патниците да се вртат и тие неколку минути додека не се обрати екипата, беше многу напнато. Тогаш се обрати капетанот и истакна дека ќе мора да се врати на пистата. На никој не му беше сеедно и сите сакаа да бидат на сигурно. Иако стујардесите се обидоа да ја контролираат ситуацијата се гледаше дека се исплашени“ раскажува соговорникот.

фото: никола томиќ

„Половина час траеше драмата на небо. Кога авинот слета сите аплаудираа. На крајот пилотот соопшти дека во моторот на авионот влегла птица  и дека авио компанијата прати друг авион за враќање. Оние, патници кои поради страв не сакаа да се вратат останаа во Цирих, но Сека, Мирослав и Јадранка се вратија со другиот авион и тогаш се беше во најдобар ред“ вели изворот за „Курир“.

 

To top