Радио Милева не била свесна што се случува

Драма на настапот на Миа Борисављевиќ: Непознат извадил оружје, а пејачката продолжила да пее без прекинување (фото)

Драма на настапот на Миа Борисављевиќ: Непознат извадил оружје, а пејачката продолжила да пее без прекинување (фото)

Миа Борисављевиќ доживеа вистинска драма на настапот што го одржа во Обреновац. Според медиумите, непознат за јавноста во еден момент извадил пиштол. Настанала тепачка која довело до интервенција на обезбедувањето.

Ништо не укажуваше на тоа дека можеби има проблем. Луѓето дојдоа да се забавуваат – вели изворот, а потоа продолжува:

-Имаше многу луѓе, а во еден момент започна и тепачка меѓу неколку млади момчиња. Едниот извадил пиштол и девојките во близина почнале да врескаат. Се бореа. За тоа време пејачката пееше без застанување. Мислам дека не ни била свесна дека некој извадил оружје затоа што било темно. Обезбедувањето на клубот веднаш скокнале и го избркале човекот со пиштолот – објаснил извор кој бил на местото на настанот.

Миа Борисављевиќ објасни што се случило од нејзина гледна точка.

– Дошло до тепачка и реагирало обезбедувањето. Изведоа еден човек надвор. Не видов што се случи. Слушнав како извади пиштол, но не го видов бидејќи тоа е голема дискотека. Не го прекинав настапот, обезбедувањето успеа брзо да ги  отстрани и да не им пречат на другите гости – објасни Миа за медиумите.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Миа Борисављевиќ

To top