Популарната српска пејачка Катарина Грујиќ додека уживала на море не ни насетувала дека ќе и се случи драма поради јадењето во еден ресторан.
Каќа била со другарките во еден ексклузивен ресторан покрај брегот. Таа јадела морски специјалитети , но не ни помислила дека храната во еден ексклузивен ресторан може да биде расипана.
-Неколку часа по ручекот, пејачката почувствувала остра болка во стомакот. Како што и било се полошо, почнала да повраќа и да се поти, а другарката ја однела до болница, открива изворот.
-Се смири дури кога и беше укажана помош, односно откако и го испраа желудникот и прими инфузија. Ја задржаа во болницата неколку часа, вели изворот.
Истата вечер Катарина имала закажан настап кој морала да о откаже поради изнемоштеност.