Пејачката Наташа Беквалац доживеала вистинска драма на аеродром кога со нејзината сестра Кристина Беквалац тргнале на одмор на Ибица.
Имено, тоа се случило кога Кристина тргнал со пасош кој и истекол пред една година.
Поради тоа, швајцарската полиција со првиот лет ја испратила Кристина за Белград додека пак Наташа заминала на Ибица.
„Заминаа на Ибица за да Наташа сними спотови за нејзините нови песни. Со нив беше и целиот тим. Заедно тргнаа од аеродромот Никола Тесла, но кога слетаа во Цирих, на контролата за пасоши полицијата забележа дека на Кристина и истекол пасошот пред една година“, вели извор за Информер.
„Полцијата беше изненадена и се прашуваше како воопшто можела да полета од Белград. Веднаш ја однесоа во посебна соба за разговор и таа тогаш сфати што се случило. Таа им објаснила дека има нов пасош, но дека во брзање го земала стариот и дали ќе може некако да го скенира и да им го прати. Тие и одговорија дека тоа ќе не доаѓа во обзир, дека ќе мора да ја задржат и да ја вратат во Белград“, вели изворот.
Соред неговите зборови, Наташа со друштвото заминала на Ибица, додека пак нејзината сестра со часови чекала на аеродором.
„Кристина три часа чекаше лет за Србија и плачеше. Беше лута на себе што направи глупа грешка. Штом стигна во Белград го зема новиот пасош и купи нова авионска карта“, тврди изворот.
Кога после два дена тргна на Ибица, Кристина на својот „Инстаграм“ напиша: „Кој нема во глава, има во нозе“ и се пошегува на своја сметка.
„Сите се израдуваа кога пристигна на Ибица и започнаа со снимање на спотовите. Сите заборавија на хаосот, па во паузите од работата уживаа во најубавите коктели“, тврди изворот.
фото: инстаграм/кристина беквалац/никола томиќ