Драгана Мирковиќ важи за една од најпознатите пејачки во регионот, а често патува на релација Виена – Белград, а во српската престолнина доаѓа често за да ги посети родителите, но и поради работни обврски.
Во интервју за „Ало“, Драгана проговори за својата кариера, за својот сопруг Тони Бјелиќ, што и замеруваат нејзините деца, луксузните патувања, но и како изгледа дружењето со светските ѕвезди.
Мирковиќ ужива во својата луксузна вила во Виена, поседува дворец, чесот патува на луксузни дестинации, а на својот „Инстаграм“ фотографиите и се како разгледници.
На прашањето дали нејзините фанови ја критикуваат што се фали со својот луксуз, пејачката вели:
„Не. Досега тоа ми се нема случено. Луѓето често ми се приближуваат и чувствувам дека се позитивни со мене. Мислат дека сум отворена личност и дека својот живот без глупости го покажувам на сите. Се што имам го добив на чесен начин и затоа не се кријам. Моите фанови често бараат да покажам каде патувам и со кого се дружам“ вели Мирковиќ.
Децата на Драгана не се експонираат во јавност, па така пејачката многу ретко зборува за нив и нивниот живот, но сега откри како е да се живее со тинејџери.
„Постојат некои граници кои ги поставиме јас и Тони, а тие никогаш не ги прекршија. Животот со нив е песна и морам да признам дека не ги почувствува тие тинејџерски бубачки“ вели пејачката.
Драгана исто така вели дека досега никогаш не и случило нејзиниот сопруг да ја побара да ја праша кога ќе се врати од настап и ќе си оди дома.
„Мој Тони? Ма не…Никогаш не ме прашал, ниту ќе го направи тоа. Исто така кога тој е на работни состаноци не го барам кога ќе дојде“ вели Драгана.
Пејачката истакна дека доколку нејзините деца побарале да ја напушти кариерата, таа ќе го направи тоа без размислувања.
„Веднаш, без проблем ќе оставам се. Семејството ми е приоритет и тие ми се најважни“, вели сопственичката на ДМ САТ.