Радио Милева упорна

Драгана Катиќ проговори за своите почетоци: „Саша Поповиќ не сакаше да ме вработи бидејќи бев дебела“

Драгана Катиќ проговори за своите почетоци: „Саша Поповиќ не сакаше да ме вработи бидејќи бев дебела“

Водителката Драгана Катиќ во својата исповед откри зошто по раѓањето на нејзините близнаци одлучила да ја напушти сигурната работа.

Драгана тогаш дала отказ на „Телевизија Белград“ и заминала да работи во штотуку отворениот Гранд. Меѓутоа, не било толку лесно кога одлучила да ја промени работата.

Како што открива водителката, Саша Поповиќ не сакал веднаш да ја ангажира бидејќи во текот на бременоста многу се здебелила.

„Мене Поповиќ ми го препорачаа  Зоран Куамновиќ Муња и покојната Зорана Кониќ, новинарка во ТВ новости.Тоа беше во декември во 1998 година, а јас се породив во мај. Саша им кажал: „Јас со задоволство би ја вработил неа, но слушнав дека многу се здебелила во текот на бременоста“. Тоа беше делумно точно, многу се здебелив, се поправив околу 50 килограми, но за шест месеци успеав да ја вратам старата тежина. Саша кога ме виде, прифати“, раскажува Драгана.

Тогаш одлучила да даде отказ во државна фирма и да започне во нова продукција во која ја водеше емисијата „Ѕвездано небо“.

„Кога добив понуда од Саша Поповиќ и Лепа Брена да започнам да работам за нив, на мајка ми и беше страшно што сакам да одам во приватна продукција. Прифатив иако се изгледаше многу поразлично од „Телевизија Белград“, во Гранд во една соба се договаравме како ќе изгледа емисијата. Меѓутоа, имав доверба во Брена и Саша иако не ги знаев приватно. Тие само знаејаа дека постои некоја Драгана Катиќ. Јас знаев која е Лепа Брена, таа во тоа време беше голема ѕвезда со Слатки грех“, додава Катиќ.

Денес, емисиите на „Гранд“ се едни од најгледаните, а водителката открива као се тоа изгледало на почетокот кога никој не знаел дали нивните планови ќе се реализираат.

„Во домот на Саша Поповиќ седевме јас, Сузана Јовановиќ која тогаш беше бремена, Брена, Тозовац и Микица Куртовиќ и правевме емисија. Поточно, сонувавме соништа. Тоа звучи неверојатно од оваа точка на гледиште. Преминувањето во Гранд беше ризик, но јас верував во успех. Секако дека прифатил и поради добрата финасиска понуда. Во тоа време не се кажуваше за колку пари еден водител преминал од една на друга телевизија. Но, тврдам дека во тоа време тоа беше најголем телевизиски трансфер. Од Саша добив одлична понуда. Не можам да кажам за колку пари се работеше, но станува збор за огрмна разлика од платата на РТС“,  вели водителката.

Иако имала голема желба да се приклучи на Гранд, популарната водителка не наишла на одобрување на околината.

„Морав да се борам со разни предрасуди. Околу мене имав луѓе кои не сакаа да ме подржат. На „Телевизија Белград“ бев уредник, а сега сакав да си заминам во приватна продукција. Тоа на сите им беше неверојатно. Се и сешто ми зборуваа. Еден таксист кој ме возеше по ноќна смена, без вознимирување ми кажа: „Ве знам јас сите од телевизија, вие сте евтини“. Луѓето околу мене ми велеа дека не можам, дека годините поминуваат, кога ќе наполнам 35 нема да сакат да ме вработат, дека не сум за телевизија. Но, како и за се во животот, јас бев упорна да го остварам своето, вели Драгана.

Денес, таа важи за една од најпопуларните водителки на Гранд, а моментално имате прилика да ја гледате во емисиите „Никад није касно“ и „Хало хало“.

To top