Ноќеска на инфективната клиника во Скопје починал познатиот пејач и водител Драган Вучиќ. Нему пред една недела тестовите му покажале дека е позитивен на коронавирусот, по што бил хоспитализиран во болница, а страшната вест за смртта на еден од најпопуларните македонски естрадни личности уторово ја потврдил и неговиот син за ММС.мк:
„Вистина е, почина татко ми од тоа зло“ – низ солзи потврдил Мартин Вучиќ.
„Вчера и се јавиле на мајка ми дека се’ е во ред, а утрово и се јавиле дека ноќеска татко ми починал. Не знам. Во шок сме“ – изјавил Мартинкој само додал: „Не можеме ни да го испратиме како што треба“.
Од блиски на семејстото Вучиќ, порталот Магазин.мк дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.
Изминатиов викенд, „Женски магазин“ контактирал со неговиот син Мартин, кој потврдил дека татко му Драган е во болница, но не даде дозвола за објавување на веста.
Неофицијално, се зборува дека состојбата на Драган Вучиќ кој наводно боледувал и од дијабет, вчеравечер ненадејно се влошила, по што се јавиле компликации кои завршиле трагично по животот на познатиот пејач и водител.