Водителката и поранешна ријалити учесничка Сања Станковиќ се откажала од брзата храна и почнала редовно да тренира.
View this post on Instagram
„Се здебелив, главата ми стана како топка, па решив да се средам! Обожувам ролати, колбаси и пекарска храна, но престанав да ги јадам. Немам време да готвам затоа што сум зафатена со шоуто, па сега правам нарачки за храна од кафеана што подготвува здрави оброци. Почнав и да тренирам. Ослабев седум килограми за кратко време,“ – вели Сања за „Хит“ и открива како изгледа нејзиното мени откако ја избегнува пекарата:
„Не јадам многу, а се трудам во исхраната да имам што повеќе зеленчук и што помалку месо. Навечер јадам салати, понекогаш лосос или стек. Заедно со оброкот задолжително испијте сок од цеден портокал или витамински микс од зеленчук и овошје.“
Покрај тоа што се откажала од брзата храна, старлетата престанала да пие газирани сокови и алкохол. Сепак, таа обожува слатки:
„Ги избегнувам газираните пијалоци и слатките сокови. Понекогаш пијам чаша вино на ручек, или кога излегувам. Не сум љубител на алкохол, па не ми е проблем да го избегнувам, но не можам без слатки! Да можев да се откажам од чоколадо и торта, ќе имав плочки на стомакот! Ако јадам нешто слатко, тогаш следниот ден тренирам два часа за да ги согорам калориите што ќе ги изедам.“
Поранешната учесничка на најпознатото ријалити шоу „Задруга“ ги советува оние кои сакаат да ослабат да јадат почесто и помали оброци.
„Тоа го забрзува метаболизмот и нема премногу осцилации во тежината. Исто така, важно е да се земе едно овошје помеѓу оброците. Најмногу јадам јаболка и круши. Со правилна исхрана, тренинг и пешачење многу полесно се топат масните наслаги.“
Фото: Принтскрин/Инстаграм/mrs_s.happy