Сопругата на Џејми Оливер, Џулс, имашла спонтан абортус за време на карантин. Ова е нејзин трет абортус од 2016 година кога го роди нејзиниот најмлад син Ривер.
Џулс и Џејми имаат пет деца. Таа сега открива дека имала абортус пред три недели.
“Јас навистина сакам друго дете, но морам да размислувам дали е тоа добра идеја, ментално и физички, бидејќи имам 45 години, тоа е малку чувствително. Џејми е сè уште за тоа … Ќе се обидам уште една година, а потоа навистина ќе го затворам тоа поглавје, затоа што сум многу среќна и исполнета“, рече Џулс.
Таа откри и како се чувствувала после абортусот:
“Па, ова е петти абортус сега, имав два пред Ривер. Некако, кога ќе забременам, мислам дека бременоста нема да трае и ќе продолжам понатаму”, објасни таа.
Џејми и Џулс неодамна славеа 20 години брак, а потоа, во посвета за нејзиниот сопруг, таа откри дека имала пет абортуси.
„Создадовме пет убави деца и изгубивме пет наши sвезди на небото“, напиша таа.