Радио Милева незгодно

Доживеал инцидент за време на неговиот концерт: Славниот пејач го удриле со шише во меѓуножјето (фото+видео)

Доживеал инцидент за време на неговиот концерт: Славниот пејач го удриле со шише во меѓуножјето (фото+видео)

Пејачот и актер Хари Стајлс доживеал инцидент за време на неговиот концерт, кога некој од публиката го удрил со шише во меѓуножјето.

По невидениот скандал на премиерата на филмот „Не се грижи мила“ и видеото кое стана вирално на кое се гледа како Хари Стајлс плука по својот колега Крис Пајн во моментот кога седел на своето место, пејачот и актер се најде во центарот на нов инцидент. Хари Стајлс беше погоден во меѓуножјето од шише кое излета од публиката за време на неговиот концерт во Чикаго, додека неговата реакција ги насмеа сите присутни.

Хари Стајлс најпрво се изнасмеа од болка и требаше неколку моменти да се опорави, а потоа и се обрати на присутните – „Па, ова е незгодно“, рече тој воздивнувајќи во микрофонот.

По неколку минути, тој почна да скока за да се врати во нормала, а потоа се пошегува и со пискав глас им се обрати на присутните па ги насмеа сите. Набргу потоа продолжи со концертот, а видеата од овој концерт ги преплавија социјалните мрежи.

„Престанете да му фрлате работи на овој човек“, „Сега го сакам уште повеќе“ – беа само дел од коментарите на воодушевените обожаватели.

На пејачот не му се случува првпат вакво нешто, па не е ни чудо што тој веќе сè сфаќа на шега. Во текот на летото, на еден од концертите, го удриле со парче пилешко, односно парче пржено месо, па дури и го скандирале да го јаде – „Многу интересен пристап. Кој го фрли „пилешкото“, прашал Хари.


Тогаш толпата почна да скандира „јади, јади“. Сепак, Хари учтиво ги потсети присутните дека воопшто не јаде месо. Па го фрли  назад во публиката.

„Дали некој друг би сакал да фрли уште нешто?“, прашал пејачот пред да продолжи со концертот.

Фото:Принтскрин/Твитер

To top