Ја паметиме како една од трите слатки девојчиња кои ја отпеаја песната „Во светот на бајките“, а денес се уште е во музичката област.
Македонската пејачка Маја Сазадановска иако често не ја гледаме на музичката сцена, сепак таа е присутна констатно на секој можен начин.
Таа често е активна на социјлните мрежи, па знае да сподели фотографии од нејзините активности.
Така беше и овој пат кога пејачката наместо фотографија од своето работно место и своите работни активности сподели фотографија од болница со повредена нога. Маја очигледно добила мала незгода и се повредила, па сега оди и со помош на помагала.
Се надеваме дека не е нешто сериозно и дека Саздановска брзо ќе се опорави и ќе се врати на своите активности.
фото:инстаграм