Сега веќе популарната пејачкакога зачекори на поп сцената во 2004 година со учеството на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, веднаш го привлече вниманието на жирито и на широката публика, како со необичната боја, така и со „песок“ во гласот.
како и со нејзиниот интересен изглед, за што придонесе тогашната машка фризура на Тања Савиќ.
Имено, пејачката имаше потполно кратка коса, по која тогаш некако беше препознатлива, но малку по малку следеше промена, а пред години наназад долгата темна коса стана нејзин заштитен знак, која секогаш совршено ја стилизираше и негуваше.
Фризурата на Тања Савиќ сега повторно е кратка, а да направи драстична промена и да ја скрати бујната коса е одлука со која се пофали на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Во фризерскиот салон пејачката позираше во сосема ново издание, што предизвика лавина реакции, но и бројни прашања и коментари, а дали новата фризура на Тања Савиќ навестува нов почеток, ќе покаже времето пред нас.
фото:Инстаграм принтскрин