Веќе неколку години поранешната мекедонска пејачка Ноне Неделковска (32) работи на брод, а овој работен ангажан не и досади, па се уште патува низ светот по морски пат, само унапредена во менаџерка.
Во медиумите беше доста актуелна кога пред неколку години ја започна врската со црномурестиот Рајн, со кого работеа и заедно на крузерот, а исто така го донесе во родното Велес и го запозна со семејството и пријателите.
Но, помона подог период откако Ноне не споделила ниедна љубовна и заедничка фотографија со Рајн, а тоа беше доволно пред неколку месеци во медиумите да се појават приказните дека повеќе не е во врска. Таа не се огласи по ваквите пишувања, но дополнително ги „зачини“ шпекулациите со тоа што пишуваше дека е дива и слободна.
Сепак, навикната да ја држи машка рака, Ноне на почетокот од годинава беше „закотвена“ на Балканот и тоа со машка придружба за кое извесно време не сакаше да открива дека е нејзиниот нов партнер.
Сега, според најновите објави на нејзиниот и профилот на момчето по име Урош Терзија, љубовта меѓу нив веќе е на виделина и пред очите на јавноста.
Секоја нова фотографија им е заедничка, фатени за рака, прегрнати, стиснати еден до друг и на пат околу светот. Италија, Ибица, Португалија…
Ноне повторно си најде сродна душа со која ќе го обиколува светот. Имено, од профилот на Урош може да се види дека тој работи со музички ѕвезди, односно снима спотови и ги монтира, а последно го изработи видеото на пејачката Ивана Селаков.
Кој знае, можеби токму тој ќе ја премисли и мотивира нашата џебна Венера да и се врати на музиката?!
фото:фејсбук/инстаграм/ноненеделковска/урош терзија