Радио Милева ужас

Досега невидена сцена во „Задруга“ – не е љубовна туку застрашувачка физичка пресметка (фото+видео)

Досега невидена сцена во „Задруга“ – не е љубовна туку застрашувачка физичка пресметка  (фото+видео)

Маја Маринковиќ и Филип Цар жестоко се скараа, а во еден момент дојде до физичка пресметка.

Имено, како и обично, двајцата почнале да се навредуваат со пцовки и навреди, а на лудиот Цар му се поматил умот, па во налет на бес скокнал врз Маринковиќ и почнал да ја дави.

Во хотелот, Ненад Мачановиќ Бебица гледал како Цар се справува со Маринковиќ, а потоа обезбедувањето влетало да го задржи задругарецот.

Оваа сцена ги згрози гледачите на реалното шоу, и сите  беа огорчени од однесувањето на Цар. „Ова е апсолутно за осуда“, „Продукцијата мора да реагира“, „Какво чудовиште, престанете со насилството“, гласат коментарите на мрежите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samo_realno (@samo_realno6)


Инаку, ова не е прв пат Цар да биде агресивен кон Маринковиќ, а овој пат откако ја нападна со давење, таа решила да го пријави и му рекла дека ќе го стави во затвор. Маринковиќ му се јавила на нејзиниот татко Радомир Таки Маринковиќ на кого му рекла да реагира и да ангажира адвокат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top