Гога Секлулиќ остана бремена на 42 години и сега не сака нишо да го загрози животот на бебето, па тоа да биде и нејзината музичка кариера.
-Треба да се пазам и затоа решив да ја напуштам естрадата. Барем додека не се породам. Одлично се чувствувам, иако многумина зборуваа дека ќе имам висок притисок, мачнини… Не пијам никакви лекови. Завршив со настапите и се враќам за Цирих каде ќе се породам. Сите ме прашуваат дали се плашам, а јас пак едвај чекам да се породам, вели Гога за српски Свет.рс.
Пејачката вели дека се уште не одлучила како ќе се породи, но таа одлука ќе ја има нејзиниот лекар кој ја следи бременоста.