Радио Милева (не)типична (про)слава...

Домот ни е тесен, ама славата голема: Миа Костова куќната слава Свети Никола ја славеше во кафеана! (ВИДЕО)

Домот ни е тесен, ама славата голема: Миа Костова куќната слава Свети Никола ја славеше во кафеана! (ВИДЕО)

Кој на 18-ти вечерта, која на 19-ти  декември, сеедно… Православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува збор за посна слава па на трпезата  доминираат посна сарма, посно гравче, риба, салати…

Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како све­те­цот, кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… ама затоа се слави!

Според едно народно верување, на овој ден не треба да го потсетувате оној кој должи. За оние кои го слават овој ден како куќна слава се носат подароци, но и оние кои го слават празникот според народните обичаи своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат по некој дар.

Свети Никола го слават многумина и од познатите и јавни личности, насекаде па и кај нас, а една од нив е и познатата (се’ помалку) водителка, а (се’ повеќе) влијателната, а можеби и највлијателна инфлуенсерка во Македонија, Миа Костова.

И сето ова не би било ниту чудно, ниту необично, да не во прашање локацијата каде русокоста вчеравечер, 18-ти декември ја славеше својата куќна слава… До душа амбиентот исто како домашен, ама далеку од дома, туку во ВИП делот на една позната скопска кафеана.

Иако и традицијата и обичаите налагаат како и секоја, така и најславената куќна слава, разбирливо да се слави во домот, Миа Костова за Свети Никола имала поинакви планови. Традицијата запазена, ама локацијата променета, па наместо во домот, куќната слава Свети Никола домаќинката ја славеше во кафеана!

Гостите исто така одбрани, од најблиската пријателка на Миа, Тијана, до надобрите другар(к)и на домаќинката како Сергеј Варошлија,  Драгана Јаневска, Тамара и уште неколку други…

Трпезата до душа посна… Пеано лепче, посно гравче,  салати, тестенини, морски плодови, риба…

Атмосферата славеничка, гостите расположени, а меѓу нив покрај домаќинката највесела Тамара Тодевска. Кога веќе се слави, може и да се запее, па македонската поп ѕвезда со помош на тамбурашите вечерта ја претворила во славеничка бајка.

Куќната слава обично се слави со муабет покрај трпезата, а атмосферата на оваа кафеанската баеги весела,  па повеќе наликувала на роденденска журка отколку на куќна слава, ама ако…

Важно е да се слави, да е весело и да е за арно и убаво… Можеби не е баш се’ по протоколите на традицијата, ама Миа Костова ионака е позната како пионер во уривањето на стереотипите во многу нешта, па зошто и во оваа прилика би било поинаку?! На нетипична прослава на типична слава!

Како и да е, после се’…  Среќна слава домаќинке! Макар била и кафеанска!

Фото: Инстаграм/miandrija/tamaratodevska

To top