Мегафон

Домаќинот Франција повторно победи на детскиот Евросонг: Тамара Грујеска и покрај моќната изведба и импресивниот настап заврши на 12-тото место (ВИДЕО)

Домаќинот Франција повторно победи на детскиот Евросонг: Тамара Грујеска и покрај моќната изведба и импресивниот настап заврши на 12-тото место  (ВИДЕО)

Веројатно најпрестижното европско детско музичко натпреварувања Детскиот Евросонг, годинава се одржа викендов во Ница, Франција.

Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапи шеста по ред и со својот моќен вокал ги воодушеви присутните и во салата и оние кои покрај ТВ екраните го следеа преносот. Со својот импресивен и сигурен настап, Тамара достојно ја претстави Македонија иако на крајот македонската претставничка  се пласираше само на 12-тото место.

Првопласирана беше Франција, која втортпат по ред победи на ова детско музичкото натпреварување, а неа овојпат ја претставуваше Зое Клозир и песната „Coeur“(Срце).

Зад неа, како второпласирана заврши Шпанија, додека трета е Ерменија.

Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и професионалните жирија, во сооднос 50:50 од вкупните поени.

Предводничката на македонската делегација Дијана Гогова Атанасова од МРТ, се огласи на својот Фејсбук профил со заедничка фотографија и благодарност до целата екипа и сите останати кои помогнаа во реализиацијата, настапот на Тамара и учеството на Македонија на годинешниов Детески Евросонг 2023.

Како изгледаше и звучеше настапот на Тамара, потстете се уште еднаш од видеото во продолжение:

To top