Татајана Лазаревска и Новица Василевски, брачната естрадна двојка по летниот престој во родната Македонија кој и тоа како работно го искористија со фестивалски настапи и промоција на две нови песни и спота, се вратија во далечната Австралија каде последниве години живеат и работат.
Иако постојано таму се дружат со нашинците, не помина долго време кога одново нешто одблизу ги спои со родната грутка. На австралиските домаќини добри гости им дојдоа… и тоа колеги од Македонија!
Имено, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и нивната фолк екипа од Динамик бенд периодов се на турнеја токму низ Австралија, па симпатичната струмичанка и нејзиниот музички компањон по концертот во Емералд во Мелбурн, најдоа слободно време да им отидат на визита на нивните колеги, сега веќе одомаќени во еден од најголемите градови на најдалечниот континент.
View this post on Instagram
А кога ќе ти дојдат дома гости, па уште колеги и драги пријатели од татковината нема зборови да се опише убавината… Особено онаа на заедничката дружба, која како поинаку би кулминирала кај пејачите, ако не со песна. Масата полна, нешто да се замези и пивне, а потоа доаѓа време и да се запее.
Муабетите немаат крај, ама за песна време секогаш се наоѓа… И тоа за онаа најновата, дуетската и победничка од последниот „Охрид фест 2023“ на Тања и Новица.
И тоа насловена токму онака како што и прилегало и на дужбата со колегите и пријатели од Македонија: „Љубов ни е име, а пак среќа ни е презиме, песна место потпис, тоа ни е наш краток опис…“!
И сите заедно, цeлото семејство и нивните гости во еден глас ќе запеат додека го гледаат настапот во неодамна снимената емисија „Мерак меана“, во која австралиските домаќни пред да заминат од Македонија учествуваа!
Ваква дружба и весело расположение ретко се гледа и доживува… Но, тоа е очигледно секогаш така кога се во прашање Татјана и Новица… А дружбата – дај Боже да е секогаш ваква искрена, топла и срдечна, довека!
Впрочем и домаќините удостоени и гостите угостени и задоволни, за што говори и јавната благодарност за гостопримството на убавата Стојне до, како што самата вели, нивните најпозитивни колеги и пријатели.
Фото: Инстагрм/tatjanalazarevska_official/stojne_official