Водителските парови на српскиот избор за „Песна на Евровизија“ ги засенија сите кога се појавија на големата сцена.
Годинава на музичкиот фестивал презентери беа Драгана Косјерина, Кристина Раденковиќ, Стефан Поповиќ и актерот Милан Мариќ.
Додека Косјерина и Мариќ беа на сцената, Кристина и Стефан беа задолжени за зелената соба и атмосферата меѓу натпреварувачите.
View this post on Instagram
Сепак, сите погледи беа вперени во водителките, кон нивниот изглед и стајлинг. Сите три вечери блеснаа во елегантни фустани, кои ги истакнаа нивните витки фигури.
Поради тоа, многумина се запрашаа колку всушност се високи тие две, со оглед на тоа што изгледаат како манекенки и топ модели.
Косјерина има навистина манекенска градба и нејзината висина е 176 см, а секогаш носи високи потпетици, па често изгледа повисоко од луѓето околу неа, па многумина и завидуваат поради тоа.
Кристина исто така може да се пофали со таква градба.
View this post on Instagram
Водителката на квизот „Сложувалка“ е висока 175 сантиметри, а речиси секогаш носи штикли, па нејзините долги нозе секогаш се во преден план.
Фото: Немања Николиќ/Инстаграм принтскрин/krisradenkovic/dragana.kosjerina