Дарко Лазиќ пред два дена доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на родниот крај, а вчерашниот ден помина со шпекулации каква е здравствената состојба на пејачот.
Додека многу извори тврдат дека неговото здравје е стабилно, директорот на болницата каде е сместен Дарко, Драгош Стојановиќ откри нови информации за здравјето на пејачот:
„Тој и понатаму е во тешка здравствена состојба, животот му е загрозен. Има политраума со мултиоргански повреди. Секоја од тие повреди е ташка“, вели Стојановиќ истакнувајќи дека не може да се каже дека е во „стабилна“ состојба.
На прашањето што значи политраума, докторот одговори:
„Тој не бил врзан, се превртел со колата, па целото тело доживеало траума. Е сега, ем има траума, ем скршеници, очекуваме реакција на организмот. Тоа е борба со реакција на целото тело. Тој е на интезивна нега, на апарати за дишење, ја следиме неговата состојба од минута во минута и ќе видиме што ќе правиме понатаму. Додека не добиеме одговор на неговиот организам, не може да даваме прогнози, ниту пак да планираме, вели Стојановиќ.
На шпекулациите за операцијата на Лазиќ, докторот одговори:
„Операција на што?Ве молам да не ме прашувате нешто што не знам, нешто што е непредвидливо. Луѓето коментираат, а не ја знаат медицината, предвидуваат и донесуваат заклучоци. Такви работи не знаеме ниту ние. Тоа зависи од неговиот организам и дали ќе реагира. Не можам да се занимавам со прогнози, тоа во овој случај е невозможно. Да можам да предвидам ќе добијам Нобелова награда. Важно е да реагираме во секој момент“ вели Стојановиќ.
Сообраќајката се случила во близина на родниот крај на Дарко, а според пишувањата на српсите медиуми тој немал врзано појас и имал 1,39 промили алкохол во крвта.