Радио Милева

Докторите на Ѓорѓе Давид му соопштија лоши вести

Докторите на Ѓорѓе Давид му соопштија лоши вести

Ѓорѓе Давид откако ја победи короната се соочува со нов здравствен проблем односно ја скрши ногата и сега мора да ја носи во гипс.

Пејачот во текот на претходниот ден беше на контрола, но не му се допаднаа вестите кои ги доби од лекарите.

Имено, докторите на Давид му соопштиле дека мора да продолжи со носењето на гипсот.

„Бев на контрола, уште малку ќе го носам гипсот. Размислувам дали да си пукам во чело или не, но ајде за неколку дена нова контрола“ вели пејачот во видеото кое го објави на социјалните мрежи, а потоа напиша:

фото: Инстаграм/ѓорѓе давид

„Да полудееш. Веќе започна да ме нервира гипсот и се’“, напиша тој.

За потсетување, Ѓорѓе Давид ја скрши ногата за време на снимања на емисија.

„Бев во Утринската емисија кај Мариќ и додека беше телефонското вклучување од страна на организаторите бев замолен да го поместам автомобилот. Кога тргнав од студиото заборавив на малото скалило, па паднав. Назад кон студиото трчав низ скалите и појма немав дека сум ја скршил ногата“, изјави тогаш пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djordje David Nikolic (@djordje_david) on

To top