Американската актерка и пејачка Деми Ловато во новиот документарен филм “Dancing with the Devil” чиј трилер беше објавен на „Јутуб“ проговори за својата тешка борба со зависноста и пореметување на менталното здравје.
Деми откри дека во 2018 година поради предозирање доживеала три мозочни и еден срцев удар.
„Докторите тогаш ми кажаа дека ми остануваат уште 10 минути живот. Оздравувањето во болница и оштетувањето на мозокот ми оставија долгорочни последици. Повеќе не возам автомобил бидејќи во видното поле имам слепи точки. Долго време имав и проблеми со читањето, првата книга ја прочитав два месеци по инцидентот, тоа за мене беше голема работа“, вели 28 годишната Деми.
За потсетување, Ловато во 2018 година се предозира во нејзиниот дом во Лос Анџелес по што итно беше пренесена во болница.
Во јануари 2020та година, таа призна дека неколку дена пред случката ја напишала песната „Anyone” која била нејзин повик за помош.