Откако стана дипломиран медицинар, пејачката и докторка Симона Поповска специјализираше на Клиниките во Скопје, но паралелно со тоа реши да си го пополни времето со ново работно место во еден центар за убавина во Скопје.
Довербата да им ги зголеми усните, да им нанесе ботокс во челото и слично, секојдневно и препуштаат многу припаднички на понежниот пол, а Симона на социјалните мрежи гордо ги објавува своите естетско корективни дела.
Се повеќе девојки и жени не можат да одолеат на естетските и козметичките корекции на лицето и телото, па така и докторката.
Тоа е исто како да одите на фризер, а на фризерката косата и е неуредна. Така и во оваа работа.
Како што минува времето, усните на пејачката и докторка по диплома, изгледаат се поволуменозно.
Иако изгледаше совршено со усните од Бога дадени, Симонче сепак не остана имуна на трендот кој секојдневно и е пред очи.
Дали претерала и како изгледа поубаво, проценете сами.