Оваа 2017-та година што полека изминува, се случија доста свадби и рожби во познатите естрадни кругови.
Пишувавме и честитавме на многумина, а токму на таа тема во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска, прозбори и поп-пејачката Викторија Лоба.
Имено, според концептот на емисијата, една од другарките на Лоба имаше за задача да ја опише својата блиска другарка, а наедно и да и посака желба за годината што доаѓа.
Меѓу повеќето искрени желби, таа пред камера и посака и брак во годината што доаѓа, а на тоа Лоба малку се збуни, па се насмеа, а водителката Ирена Спировска која исто така беше гостинка во студиото и помогна со одговорот.
Лоба кажа дека другарките може да се подготвуваат за таков голем ден во нејзиниот живот и да вежбаат дотогаш.
Инаку, Викторија Лоба е во неколкугодишна врска со својот избраник Ѓорѓи со кого веќе живеат заедно. Дали во Новата година ќе биде официјалното врзување на оваа двојка, останува да видиме…