Раперот Стефан Ѓуришиќ Раста се разведе од Ана Николиќ, но меѓу нив и понатаму има љубов и почит.
Во гостувањето на една емисија, Раста се потсети на едно од несогласувањата со неговата поранашна сопруга, односно кога таа му ги уништи автомбилот и настана познатиот натпис: „Јас сум п*чко, Ана.
Имено, како што раскажа раперот, тој не се јавувал на телефон, а токму поради Ана побеснела и го изгребала неговиот скапоцен автомобил.
„Ситуацијата беше навистина смешна. Јас никогаш нема да ја заборавам, јас не бев тука, најсмешен момент ми беше кога ги вратив безбедносните камери да видам што се случило. Тоа беше многу крими момент. Таа дојде во ноќница. Јас не се јавува на телефон, тоа беше доволно. Се качи во такси, дури и таксистот ја чекаше. Ја гледав снимката, не траеше ниту една минута. Професионално ја заврши работата, најверојатно имала искуство пред тоа. Неверојатна сцена која ми беше смешна и не е болна штетата што ми ја направи“, вели раперот.
Пејачот се потсети на денот кога стави потпис во матично и се ожени со Николиќ.
„Ние бевме во врска која многу добро ја криевме без оглед на тоа што се следеше секој наш чекор. Еден ден само се облековме, отидовме во општина и се венчавме. Тоа беше моја визија за љубовта – не мора да има многу луѓе, столови со злато, туку да има суштина. Неверојатен е моментот што во општина влеговме непознато, а излеговме како “вест на годината“. Тоа не ми се допаѓаше, но бргу се навикнав“, вели Ѓуришиќ за курир.рс
Инаку, Ана и Раста од бракот ја имаат ќерката Тара.