Македонската ТВ водителка Јелена Спенџарска последните денови од летото ги искористи и тоа во вистинска смисла на зборот. Таа уживаше на една од познатите плажите и како што вели непишаното правило: „Да си на плажа, а да не се пофалиш и на социјалните мрежи не споделиш, тогаш подобро и да не одиш“, па така и овојпат долгоногата беровка сподели неколку фографиии и понекое видео клипче од нејзините летни лудории.
Имено, Спенџарска на своето „стори“ на Инстаграм објавила две куси видеа на кои може да се види како лудо се забавува. Водителката секако не е сама, а друштво и прават две нејзини пријателки, сите три заедно „за машала“, со бујни облини сместени во шорцеви и секси-бикини.
Јелена на себе носи црна проѕирна наметка и под неа танга гаќички за капење со леопардов принт… Музиката доволно гласна, расположението максимално, друштвото респектабилно, а Спенџарска – пуштена на најсилно! Трите дами заводливо танцуваат, но водителката предничи во танцот покрај шанкот…
Се’ уште со мокра коса, веројатно тазе излезена од вода, додека Јела провокативно нишајќи ги колковите како вклучена на 220 V „мешаше“ со заоблената задница во леопардовата танга, водителката толку ја навлажнија што и се замати видот.
Имено, во еден момент, некој со тукушто отворено шампањско почна „да ги тушира“ расположените танчарки…
И тоа толку обилно и интензивно, што танцот на „ТВ ѕвездата“ од утринската на Канал 5 мораше да запре под млазот на „пенливиот туш“.
Очигледно трите дами не беа сами, а двете пријателки на водителката минаа без „последици“ зашто за среќа носеа очила за сонце, додека на Јелена…
И ги наполнија очите… Со пенливо вино!
Сепак, остана непознаница, за која во чаршиските кулоари веќе „се шпекулира“ на долго и широко… Кој тоа на Спенџарска и прсна во око?
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jelenaspendzarska