Додека владеачката елита на СДС на чело со премиерот Заев китејќи се со туѓите перја со блех музика го пушташе новиот автопат Демир Капија – Смоквица, сообраќаен застој се случуваше на едно друго место, во непосредна близина.
Имено, неговата кумашинка, модната блогерка Љупка Митрова киниса на пат… веројатно преку Валандово и Валандовско Брдо за родната Струмица! Арно ама, згодната кумашинка по пат почувствува потреба да застане… Неее, не е тоа што мислите!
Струмичката убавица почувствува потреба да направи нова фотосесија во природа, па го запре автомобилот и излезе да се прошета и да позира среде стариот пат за Валандово!
Облечена во тесно припиен црн комбенизон со длабоко деколте и црни чизми до коленици со високи потпетици, сексапилната Љупка тргна да чекори среде афалтното џаде, кое само што не почна да се топи, што од врелото сонце, што од жешкиот призор.
Нога пред нога, чекот по чекор, а на секој чекор по една нова фотографија… во нова поза! А кога Љупка среде пат позира и сообраќајот се стопира! И подобро… Зашто наместо во патот, во сообраќајните знаци и означената регулатива, возачите опиени гледаа во нејзината задна перспектива.
Па иако може да се претекнува, зашто линијата е испрекината, сите стојат во колона, зашто никој не сака убавата глетка да му биде прекината.
Се додека кумашинката не се паркира на лединката, каде престанува претекнувањето, ама не и гледањето… на нејзината природна убавина пред следната кривина!