Радио Милева и текна, ама...

Додека светот бара вакцина, пејачката Сани Гроздановска го најде лекот за корона, па упати апел до надлежните да ја послушаат (ФОТО)

Додека светот бара вакцина, пејачката Сани Гроздановска го најде лекот за корона, па упати апел до надлежните да ја послушаат (ФОТО)

Пандемијата на коронавирусот не уништи… Не запусти, на секое поле… Здравствено, физички, психички, социјално, економски… Не врати 100 години назад! Затоа светот бара чаре, што побргу да пронајде вакцина или некаков друг лек против невидливиот непријател. И додека бројни научници, лекари, инфектолози, биолози, фармацевти… мака мачат, да го најдат спасот за човештвото, лекот да ти им бил тука, пред очи, само тие не го виделе.

А, како ќе го видат, како да им текне, кога сиротите по цел ден се затворени во ординации и лаборатории и тогаш кога немаше корона пандемија, а сега и да не зборуваме. Ама затоа оние, на кои работното место им е на друга локација, па по него жалат додека се во изолација, бргу се сетија. Како на пример, македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска, која ионака е позната по својата итрина, досетливост и довитливост.

Имено, евидентно е дека на Сани најмногу и недостасува кафеаната. И тоа од повеќе причини. Социјални – за дружба, економски – заради егзистенција, од лични – заради сатисфакција и забава… Конечно, познато е дека на пејачките кафеаната им е втор дом! Затоа кутрата, распеана кумановка е толку тажна, па со тешка носталгија се сеќава на нејзиното друго  „дома“, кое толку и недостасува…

И така размислувајќи, откако претходно веќе слушнала што го уништиву коронавирусот, на Сани и текна каде лежи лекот! Лекот на векот кој короната ја лечи без маана, се вика  – каф(е)ана! Лекот е најден, светот е спасен, само отворете ги…

Министерот Венко Филипче како да ги услиши молитвите на фолкерката, па излезе со такава најава. Кафеаните и локалите наскоро ќе се отворат за гости, свадби и семејни веселби, но… ќе мора да работат по здравствен протокол!  И таман пејачката и нејзините колеги, а и народот се израдуваа… кога, види нова белја?!

Проблемот божем решен, ама недоумици илјада и една! Па, како ќе се пие и прават муабети со маски на два метра раздалеченост од маса до маса, на која седи само еден гостин, како сватовите ќе играат оро, како младоженците ќе го играат првиот свадбен танц, што е со првиот свадбен бакнеж…

Најдалеку со прашањата отиде колегата на Сани, авторот Орце Зафировски.

Тој загрижено  му се обрати на министерот Филипче, што ќе биде со првата брачна ноќ на младенците, па му постави предизвик на кој Филипче сега треба да одговори? Имено, прозван да се темели на своето искуство, министерот ќе мора да смисли начин за „полов контакт“… на далечинско!

 

 

To top