Младата тапанарка Мартина Баракоска реши да го прекине молкот откако вчера беше јавно објавено дека сега нејзините екс-колеги и дале отказ од неодамна формираната група „Дупер“ , која со три песни стана популарна во земјава.
Шармантната и талентирана тапанарка на некој начин беше заштитниот знак на триото, но по недоразбирањето со Борис и Ивица, таа не застанува со музичката кариера.
Денес, на својот Инсатграм профил Баракоска објави куса порака до сите оние кои ја поддржаа по објавената информација дека веќе не е дел од „Дупер“.
-Фала ви на сите за целата поддршка досега. Јас продолжувам понатаму! – пишува Мартина.
Инаку, вчеравечер веќе екс-колегите на тапанарката објавија нов сингл кој го носи насловот „Пробај да ми бидеш“ кој Мартина исто така го сподели на кусите приказни на својот Инсатграм профил.