Радио Милева и легна на прва...

Додека пеењето е на пауза, Сандра Африка сврте лист, па влета во нов бизнис: Гради… згради! (ФОТО)

Додека пеењето е на пауза, Сандра Африка сврте лист, па влета во нов бизнис: Гради… згради! (ФОТО)

Пејачката со големи гради, сега гради… згради! Сандра Африка со нејзиниот менаџер започна да гради зграда во Шабац пред неколку месеци, а сега откри дека изградбата е при крај.

„Бизнисот со недвижнини ни оди одлично за нас, тоа е нешто со што се занимавам сега во време на короната“ – вели пејачката.

„Шегата на страна, сè оди одлично за нас, зградата е при крај и сега почнуваме да ги продаваме становуите. Тоа е зграда во Шабац и се надевам дека ќе го прошириме бизнисот, кој знае каде ќе завршиме“ – рече Сандра

Пејачката откри и зошто сè уште не го пронашла вистинскиот, не бизнис, туку партнер во животот:

„Немам правила, немам тип на човек, важно ми е само да  ми легне  на прва. Како прво, тој мора да биде добар човек и да има благородна душа, сè друго е ирелевантно. Исто така, мојот човек мора да има голема почит кон жените“ – тврди пејачката и додава дека и е тешко да најде некој што ја разбира природата на нејзината работа.

„Тешко ми е да најдам момче кое разбира како функционира мојата работа. Не секој човек може да се справи со партнерот кој му е во  шоубизнисот. Се надевам дека ќе наиде некој што лесно ќе ја поднесе мојата слава на свои плеќи“ – откри Сандра.

Фото:Инстаграм принтскрин/sandraafrika

To top