Радио Милева
дијаспората - заглавена, минстерството „спие“?

Додека Бујар Османи изигрува „НАТО стратег“, Хелена Роза откри дека нашите иселеници во дијаспората повеќе од една година не можат да си ги продолжат пасошите: „Министре, како ли мирно спијете… како не ви е срам на сите вас“?

Додека Бујар Османи изигрува „НАТО стратег“, Хелена Роза откри дека нашите иселеници во дијаспората повеќе од една година не можат да си ги продолжат пасошите: „Министре, како ли мирно спијете… како не ви е срам на сите вас“?

Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза веќе неколку години заедно со своето семејство живее на Нов Зеланд.

Иако оддамна ја нема на ТВ екраните како водител, таа е активна на социјалните мрежи, каде знае да објави по некоја скокотлива фотографија,  но овој пат нејкзината објава е од сосема поразличен карактер, а тоа Хелена го направи од сосема поинаква причина.

Имено, иселениците од дијаспората  имаат огромен проблем да добијат нови македонски документи, поточно да си ги обноват истечените патни исправи.

Додека министерот за надворешни работи Бујар Османи наместо да води грижа за надворешната политика на земјата што го плаќа и нејзините иселеници, тој споделува твитови за солидаризација со една од големите светски велесили давајќи си сопствена важност во меѓусебните односи на САД и Русија. И додека тој „глуми НАТО стратег“, покажувајќи „храброст од фотелја“ скриен како „глувче зад слон“ упикувајќи му се на стратешкиот НАТО партнер, иако никој од него не побарал таква поддршка,  македонските исленици повеќе од една па и две години, мака мачат да си го продолжат својот македонски пасош, што им создава многубројни проблеми.

Откако очигледно владата, ресорниот министер, амбасадите и нивните „заспани служби“  останаа глуви на сите обиди и молби на иселениците да го решат овој нивен горлив проблем, што всушност е елементарно човечко и граѓанско право, Хелена Роза упати јавен апел преку сопцијалните мрежи, поточно прку својот Фејсбук профил.

Во него таа ги повика сите добронамерни луѓе да го споделат нејзиното обраќање, во името на македонските државјани кои живееат и работат во странство – Македонската дијаспора, но и јавно ја прозва владата, амбасадите, министерот Османи…

Проблемот на Хелена Роза и Македонците кои живеат во Нов Зеланд не е единствен. Социјалните мрежи вријат од „неажурноста“, неподготвеноста и нељубезниот однос на „заспаната и арогантна“ администрација по амбасадите и конзуларните преставништва ширум светот, која Македонија ја плаќа од својот буџет, од парите на нејзините граѓани, а таа обичните едноставни процедури за издавање на било каков документ, ги прави комплицирани и сложени, одолговлекувајќи ги со недели и месеци, а како што слушаме и години… Наместо да добијат едноставна услуга, иселениците се соочуваат со „невозможна мисија“.

 

 

 

Останати вести од Радио Милева