Летото е период кога припадничките на понежниот пол откриваат малку повеќе кожа, а за тоа поголемиот дел активно вежбаат во теретана, посетуваат козметички салони и применуваат разни третмани за убавина…
За нашата популарна ТВ водителка и инфлуелсерка Лила Филиповска овој пример не важи, бидејќи таа заради себе, а и поради работата секогаш се труди да изгледа совршено независно од годишното време во кое се наоѓаме.
Теретаната е нејзино секојдневние, а исто така и салоните за убавина каде применува разни третмани за разубавување на кожата, косата, ноктите…
Резултетот е што секогаш изгледа совршено и не за џабе го носи епитетот за една од најатрактивните познати Македонки.
Периодов не ретко можеме да ја видиме во разголено издание, а кога има што да покаже, би било штета да не се гледа! Овој пат таа реши да си го разубави телото со масажа со бамбус за затегнување на кожата и борбата со целулитот.
Иако за време на масажа повеќето се покриени со крпа, Лила тоа го направи половично, па го откри едниот дел од задникот и црната танга од тантела.
Масажата со бамбус и не изгледа така необично, но тапкањето по задникот со посебни „удирачки инструменти“ и самата напиша дека е посебна приказна.
Само што нејзината приказна е двојно содржајна, зашто… Ако добрите водителки ги тапкаат по рамо, а згодните женски по задникот, за Лила во случајов, важат и двете работи.