Радио Милева триумф на свое буниште

Добриот глас надалеку се слуша, но најдраго е кога ќе те признаат дома: Ленче Кукиќ родното Босилово ја одликуваша со плакета (ФОТО)

Добриот глас надалеку се слуша, но најдраго е кога ќе те признаат дома: Ленче Кукиќ родното Босилово ја одликуваша со плакета (ФОТО)

Легендарната македонска фолк пејачка Ленче Кукиќ пред неколку дена се закити со уште едно значајно признание кое овојпат дојде од нејзиното родно Босилово. Имено, градоначалникот Ристо Манчев и Советот на општина Босилово, на свечената седница по повод 70-годишниот јубилеј на општината и доделија Плакета за значаен придонес и промоција на општина Босилово во областа на музиката. Со овој гест покажаа дека кога вистинските луѓе ќе дојдат на вистински места, знаат и умеат да ги препознаат и вреднуваат и вистинските вредности!

Оваа плакета очигледно особено емотивно ја трогна пејачката, па таа преку својот Фејсбук профил јавно им се заблагодари на општинските челници за укажаната чест и внимание.

Оние кои добро се сеќаваат на Ленче од нејзините почетоци знаат дека нејзиното презиме е Дедејска и дека името го градела уште додека била девојче. Нејзиното појавување на естрадата беше вистинско освежување за музичката сцена, а музичките стручњаци ја прогласија за наследничка на легендарната Петранка Костадинова. Успешна кариера на пејачката трае повеќе од 30 години. Најпрво со групата „Пицикато“, а потоа како соло пејачка и сега со својот сопруг пејачот и музичар Горан Кукиќ.  Настапувала на многубројни фестивали на народна музика, на многу сцени во Македонија, а Ленче е добитничка и на голем број награди: од успешен дебитант до први награда на жирито, награди за најдобра интерпретација и награди од публиката на многубројни фестивали.

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, таа ја однесе победата со што ја запозна и целиот регион. Ленче Куќиќ во текот на целото шоу добиваше само позитивни коментари од страна на жирито, а во една прилика Ацо Пејовиќ ја нарече и македонската Адел.

Инаку, неколку сезони пред неа, победата ја однесе и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ!

По оваа победа стана многу барана и во регионот, на просторите на поранешна Југославија, а наскоро за „Гранд продукција“ треба да излезе и нејзиното ЦД со македонски и српски песни, со што за Ленче се отвора едно ново, уште поинтересно поглавје во кариерата.

Таа заедно со сопругот веќе често  настапуваат во соседството, а нејзината новоснимена песна „Бисер“ за „Гранд продукција“ е вистински хит.

Фото: Фејсбук принтскрин/Lence Kukic

To top