Радио Милева

„Добив уште една ќерка“: По скапоцениот часовник, Цеца со нов подарок за снаата Богдана и синот Вељко

„Добив уште една ќерка“: По скапоцениот часовник, Цеца со нов подарок за снаата Богдана и синот Вељко

Колку Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од новата снаа говори тоа дека се почесто почна да ја изненадува со подароци.

Сега по луксузниот часовник кој и го поради на свршувачката, Цеца подготвува уште едно изненадување за Богдана Родиќ.

-Ги носам во Мексико!, открива фолк пејачката за српски Информер, мислејќи на новопечените свршеници и на ќерката Анастасија.

foto:ZORAN ILIĆ / RAS SRBIJA

-На 3-ти и 4-ти јануари настапувам во Канкун и одиме сите заедно. Желба ми е да ги почестам со едно убаво патување и првите јануарски денови да ги поминеме во тропски рај. Ќе ни биде супер, раскажува воодушевено Цеца и додава дека снаата го освоила не само срцето на вељко, туку и нејзиното.

-Богдана кај нас живее два месеци, сјајно функционираме и се согласуваме. Слободно можам да кажам дека покрај Анастасија добив уште една ќерка, заклучува Цеца.

To top