Радио Милева
ќе открие сочни детали

Доби 20 милиони долари да напише мемоари: Уште еден удар на принцот Хари врз кралското семејство

Доби 20 милиони долари да напише мемоари: Уште еден удар на принцот Хари врз кралското семејство

Неодамна беше објавено дека принцот Хари кон крајот на 2022 година ќе објави мемоари.

Тоа во потполност го изненади кралското семејство кое не очекуваше ваков потег од Хари.

Наводно, тој мемоарите ќе ги објави во издавачката куќа „ Penguin Random House, ko“ која со ова вест се пофали на Твитер.

Принцот наводно веќе една година пишува и работи со писателот Џеј Р. Морингер кој доби награда „Пулицер“.

За овој труд, војводата од Сасекс наводно ќе добие 20 милиони долари, а наводно заработката од мемоарите ќе ги донира.

„Ова го пишувам не како принц кој се роди туку како како човек кој станав“, изјави принцот Хари.

Ова изјава ги налути експертите за кралското семејство, како и тоа дека принцот Хари не го известил неговото семејство дека ќе издаде мемоари.

„Тоа ќе биде книга на Хари која ќе ја напише онака како што сака Меган“, вели експертот.

Мислењата за вестите на мемоарите се поделни. Некои се воодушевни од овој потег и едвај чекаат да ги прочитаат сите „сочни детали“, а на другите им е досадно да го слушаат Хари.

фото: епа/енду раин

Останати вести од Радио Милева