Александра Пријовиќ и Филиш Живојиновиќ денес го кажаа судбоносното „да“ во цркавата СВ.„Василиј Острошки“.
Популарниот пар денес во 13ч пристигна во црквата, каде што се заколнаа на венчна љубов, а сите коментираа дека невестата изгледа прекрасно.
Според спрките обичаи четврток е добар ден за свадба бидејќи ќе донесе среќа и успех во бракот, но исто така се смета дека четврток е добар ден за создавање на нови професионални проекти.
Меѓутоа, по свадбата во црквата почна да врне силен дожд. Според некои верувања дождот на свадбата значи убаво и дека младите ќе имаат убав брак
Додека според други верувања, тоа значи дека младата ќе биде несреќна во бракот и многу ќе плаче. Дали Пријвоиќ е суеверна не знаеме, но по фотографиите може да заклучиме дека блеска и цело време е насмеана.
фото: Зоран Јевтиќ