Панчо и Андреј од дуото ДНК не ја примија убаво веста дека почнува новата, 11-та сезона на шоуто „1 на 1“ со Жаре. Уживајќи на една од плажите во Анталија, ДНК разбраа дека „1на1“ почнува наскоро, па реагираа во свој стил.
„Брат, овој Жаре – 1на1 пак ќе правел нова сезона“, му вели Андреј на Панчо.
„Кој бе Жаре, овој десет години што мисли дека е смешен, што мисли дека е македонскиот Џими Фелон?“, му возвраќа Панчо.
„Ха, Џими Фелон од Влае“, додава Андреј. На крајот и двајцата ќе се сложат дека е подобро да ги закопаат.
ДНК убаво разбрале, новата сезона на шоуто почнува на на 27 октомври, на истата фреквенција, Канал 5 телевизија во 18.30 часот. Први гости ќе бидат Перо Антиќ и Тодор Гечевски. А, ДНК? Кога ќе им дојде редот, нив ќе ги… откопаат!