Радио Милева уникат

ДНК – урбани „турбосељачишта“ во најава: Вака Панчо и Андреј прават пропаганда (ВИДЕО)

ДНК – урбани „турбосељачишта“ во најава: Вака Панчо и Андреј прават пропаганда (ВИДЕО)

Откако се вратија од САД, ар-ен-би дуото ДНК повторно продолжуваат со настапите промовирајќи ги во живо своите најголеми хитови од последниот „Бест оф“ албум.

И во тоа нема ништо необично и чудно, зашто тоа го прават повеќето естрадни уметници. Разликата е само во тоа кој како ги најавува своите настапи. Едни само со постери, плакати и флаери, оние што имаат побогат буџет на тоа додаваат и по некој ситилајт или билборд, трети со радио или ТВ реклама… Она што им е заедничко на сите се социјалните мрежи. Таму најавата е гратис, па сопствените профили и профилите на клубовите и дискотеките се згодно место да се најави следната програма во нив.

Е токму Андреј и Панчо се уникатни во ваквата пропаганда. Кусите најавни видео клипчиња не се нивна измислица, ама содржината и начинот на кој се промовираат самите себе си и нивниот настап, се уникат!

Претстојниот настап во Штип не е исклучок. Ама затоа најавата на истиот е повтоорно од оригинална – пооргинална. Во неа ДНК повторно се „урбани турбосељачишта“. Намерно, се разбира и ептен им личи!

Вака знаат да највауваат, а воедно и да забавуваат Андреј и Панчо  „Змијанац – најсексиПилните“ музиканти на македонската естрада…

To top