Мегафон

ДНК специјални гости на концертот на Сара Јо во „Станица 26“

ДНК специјални гости на концертот на Сара Јо во „Станица 26“

Дел од најавениот, саботен концерт ( 23.11.2019) на Сара Јо во клубот Станица 26 ќе биде и нашето најпопуларно рнб дуо ДНК, кое ќе има свој кус настап во анплагд формација, и тоа како загревање за првиот солистички концерт на една од најпопуларните млади пејачки во регионов пред скопската публиката.

Концертот е закажан во сабота со почеток во 21 часот, а интересно е дека за истиот повеќе нема влезници, односно веќе е распродаден.

Сара Јо на публиката во соседството и се претстави преку шоуто „Први глас Србије“, по што нејзината кариера почна да добива неверојатни размери. Беше дел и од „Твоје лице звучи познато“, а како дел од групата Моје 3 ја претставуваше својата земја и на Евровизија. Зад неа се хитовите како „Немам времена за то“, „Лава“, „Без сна“, „Мили Мили“…

Саботниот концерт на Сара Јо е закажан во Станица 26, а нејзини гости се момците од ДНК.

To top