Радио Милева хуманост во гените

ДНК собраа 690.000 денари откако ја дадоа статуетката од Златна Бубамара на хуманитарна лицитација за лекување на Леонид (фото)

ДНК собраа 690.000 денари откако ја дадоа статуетката од Златна Бубамара на хуманитарна лицитација за лекување на Леонид (фото)

ДНК и Врчак ја добија статуетката  на „Златна Бубамара“ за Хит на годината за песната „Посреќна“, а со неа одлучија да се приклучија на хуманитарна акција.

Тие откако ја дадоа на лицитација најавија дека парите ќе ги донираат за лекувањето на Леонид Индов во Австрија.

На социјалната мрежа Инстаграм на профилот кај Панче лицитацијата за статуетката траеше четири дена, а секој можеше на учествува.

Наддавањето за статуетката го завршија со 250.000 денари понуда од Митрески Кирче од Охрид, за кого Панчо кажа дека нема социјални мрежи.

– На 3 часа пред завршувањето на лицитацијата за Лео, добивме повик од господинот Митрески Кирче од Охрид (нема социјални мрежи) и во име на неговата компанија “Топлина” ја добивме досега највисоката сума во износ од 250,000 денари“.

„Драги наши. И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари. Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе.

Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео.

Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце“, стоеше во објавата на ДНК на Фејсбук профилот.

Минатата 2023-та година тие парите од продажбата на статуетката кои ги собраа ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“.

За нивната хуманост големо браво им упати и Миа Костова, македонската водителка и инфлуенсерка која и самата организираше огромна акција за лекувањето во Австрија на младиот Леонид.

Кај неа се придружија бројни компании и поединци кои ги понудија нивните продукти, а на Инстаграм прашања таа одговори дека сумата надминала малку над 10.000 евра.

Фото: printskrin/instagram/Facebook

To top