Мегафон промоција

ДНК промовираат три во едно – албум, спот и ДВД

ДНК промовираат три во едно – албум, спот и ДВД

Нов албум, нова песна со видео и ДВД од роденденскиот концерт се повод за промоцијата која ДНК ја закажа за понеделник, 28 мај, во хотелот „Парк“ во Скопје. Станува збор за компилација со најголемите хитови од популарното ар-ен-би дуо, кое соодветно ќе го носи насловот „The Best Of…“ и на кое ќе бидат сместени вкупно 22 добро познати песни, како и бонус-темата „Дијамант“, чие видео ќе биде премиерно претставено токму в понеделник.

Како што споменавме, на промоцијата ќе биде претставено и ДВД од големиот концерт што ар-ен-би дуото го одржаа минатата година во арената „Метрополис“, по повод 15-годишнината од нивните музички почетоци.

„Се запопочна спонтано. Почнавме како деца со искрена љубов кон музиката. Ентузијасти пред се’, без ничива помош. Често исмејувани дури и од блиските другари и пријатели. Неприфатени од новинарите, а спонзорите ни спуштаа телефон уште недокажани

Работевме конобари, шанкери, рецепционери, продавачи, менаџери по кафулиља, флотери по туѓи земји, идевме пешки од еден крај на градот до друг бидејќи немавме пари ни за автобуска карта, а кола и бензин беа мисловна именка за нас Пиевме туѓи пијачки по диска, бегавме од бурекџилници бидејќи немавме да платиме после град?

Носевме едни исти патики, маици, дуксови и јакни долго време бидејќи нашите родители едноставно немаа?Но ништо од тоа не ни беше пречка да веруваме силно во тоа што го сакаме и во тоа што сакаме да го работиме искрено и од СРЦЕ.

Некогаш во животот се е ТЕСТ, испратен од горе, за да види УНИВЕРЗУМОТ колку вистински го посакуваш тоа за кое си допрен од БОГА. Нема да кажам дека сме успеале, но со ГОРДОСТ ќе кажам дека сме останале ЛУЃЕ и не се срамиме буквално од ништо во минатото.

Тоа сме ние, ПАНЧО и АНДРЕЈ. За некој не талентирани, за некој фејкери, за некој мамини и татини синови?И после 16-ет години ние сме истите овие ГИЛИПТАРИ кои ги гледате на оваа слика само малку подостарени, кои работат чесно и се трудат исто како да е старт на нивната кариера.

Секогаш достапни на сите, секогаш колегијални и спремни за помош во секое време. Ви благодариме на сите оние кои верувавте и не верувавте во нас. Они кои не миниравте но и оние кои секогаш ни ја дававте вашата безрезервна поддршка.
Ваши, Панчо и Андреј ??
Слика: DNK, 2002год. “   – велет ДНК во својот објавен пост на нивната фан страница социјалната мреже Фејсбук.

To top