Животот е предизвик. Од првиот плач до последниот земен здив. Се’ што правиме, сакаме да го направиме онака како што сме го замислиле, а сепак да биде п оубаво, подобро, повредно… и уште во многу други нешта „по“ од она , што фо прават другите. Истото или нешто сосема поразлично, сеедно. Важно е да си одговориш на предизвикот што си го поставил самиот или ти го поставил животот.
И додека за повеќето, меѓу кои и за голем дел од македонските естрадни ѕвезди предизвик е да си истурат кофа студена вода на глава или да покажат на фотографија преку социјалните мрежи како изгледале пред 1о години, некои од нив си задаваат и поинаков предизвик. Опшополезен за сите!
На Панчо и Андреј во ДНК-то им е музиката. И на тој предизвик успеале да одговорат максимално успешно, тоа е барем познато. Но малкумина знаат или одвреме-навреме дознаваат дека овие двајца македонски ар ен би музички артисти во своето ДНК кријат уште многу други предизвици, меѓу кои и оној со хумана нота!
Веројатно се’ уште паметите кога неодамна му се придружија на проектот „Среќа“, па одвоија дел од својот хонорар, купија новогодишни подароци и пакетчиња и им ги делеја на децата од ранливите категории.
Или кога на една самохрана мајка од крива Паланка и нејзините деца, им подарија производи од бела техника и прехрамбрени продукти!
Или кога ги посетија со истата цел седумгодишните близнаци, напуштени од нивните родители и оставени да живеат со нивните дедо и баба во беда, сиромаштија и целосно заборавени од оштеството!
И овој пат ДНК двоецот реши да ги остави настрана сцената, микрофоните и наградите, да ги засука ракавите, да плукне во рацете па да се соочи со новиот предизвик, Овој пат – еколошки! Дивата депонија во близина на населбата Бардовци, создадена од несовесните граѓани или селани сеедно, го загадуваше ова ретко парче чиста околина во близина на Скопје.
Едно ударничко „ура“ и за час, два или пет, сеедно, депонијата ја снема. Исчистена, средена, локацијата вратена во првобитната состојба, а ѓубрето и шутот уредно спакувани во пластични вреќи, подготвени за на отпад! Доказот во вид на фотографија пред и потоа, самите ДНК ја постираа на социјалните мрежи! Не за да се пофалат кои се, туку за да покажат како треба! Со сопствен пример!
„Драги наши, денеска по 5 часа работа и собрани преку 50 кеси шут и ѓубре се решивме да направиме еден поразличен ЧЕЛИНЏ, кои воедно треба да ги поттикне сите наши колеги, сограѓани, и истовремено да ја разбуди самосвеста кај луѓето.
Искрено ваши ДНК
Локација: Населба Бардовци – Скопје“ – напишале Андреј и Панчо во постот!
А Бардовци? Со нивниот ДНК предизвик, Панчо и Андреј покажаа како Бардовци може да изгледа и поинаку! Ја придвижија свеста, барем за миг. Онаа, еколошката!