Мегафон

ДНК измамени: Панчо и Андреј се најдоа во љубовен триаголник!? (ФОТО)

ДНК измамени: Панчо и Андреј се најдоа во љубовен триаголник!? (ФОТО)

Панчо и Андреј од ДНК, пред некој ден случајно или намерно, се најдоа во љубовен триаголник… Во љубовна крими измама, од која ќе дознаете како ќе излезат и дали воопшто ќе се извлечат откако ќе го погледнете нивното ново видео за песната „Пола човек“, за кое оваа приказна е дел од сценариото.

Главната улога ја има Олгица Стрика од Куманово, девојката која всушност се појавува и во спотот за “Само таа знае како”, чие повторно појавување е и рарирет за момците кои немаат баш обичај да се повторуваат. Овој пат имаат силна причина, впрочем, ќе го видите видеото и се ќе ви стане јасно.

“Веруваме дека повторно спакувавме оригинална и поразлична видеоприказна. Како и секогаш се обидовме да бидеме оригинални и интересни” – велат членовите на  ДНК, кои по кусата пауза од домашната музичка сцена се враќаат со полна пареа и со неколку нови интересни проекти за кои допрва ќе се зборува.

Авторскиот тим кој стои зад темата е веќе стандарден за нив, па така текстот е на Панчо, аранжманот на Лазар Цветковски, а музиката нивно заедничко дело. Песната, и повторно очекувано за Панчо и Андреј, излегува во истовреме со спот работен под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц. Кадрите за видеото како што најавивме се веќе снимени и тоа на неколку интересни локации меѓу кои една напуштена фабрика, на отворено и во хотелот Loginn.

Премиерата на “Пола човек” се очекува во првата недела од месец март, а освен Панчо, Андреј и Олгица во видеото се појавуваа уште три интересни лика како статисти.

 

To top