Овен (21.03 – 20.04)
Без оглед на тоа колку опуштено и пријатно ќе делувате на околината, малкумина ќе знаат што навистина ве мачи. Рано се оптерувате и тежнеете кон целосна среќа, па не ја забележувате поддршката од луѓето околу себе. Ве мачи финансиската ситуација. Децата ќе ви бидат преокупација. Можна е појава на алергија.
Бик (21.04 – 21.05)
Одличен период за деловно искажување или докажување. Ве окупира стекнувањето на моќ и пари заради обезбедување на повисока положба во вашето семејство. Често без причина се сомневате во себе. Оние кои неодамна започнале врска, нема да бидат расположени за давање на искрени емоции. Ве измачува несоница.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате потреба да бидете прифатени и поддржани баш такви какви што сте, а воедно на другите да им бидете пример. Не сакате да криете дека сакате подобра положба. Креативноста ви е во пораст, така што можете да ги остварите своите желби. Емоционално сте затворени, а партнерот го забележува тоа.
Рак (22.06 – 22.07)
Доаѓа време кога и најповршните припадници на овој знак ќе мораат да се соочат со реалноста. Може да бидат изразени тврдоглавоста и љубомората, а кај некои потребата за целосна слобода, по секоја цена. Но нема да пропуштите ниту една прилика. Проверете ја здравствената состојба.
Лав (23.07 – 22.08)
Работата е начин себе си да се остварите како личност, не ви е доволно да работите само за пари. Би требало сега максимално да се залагате на сите полиња, со цел да немате грижа на совеста. Партнерот е назадоволен од вашето однесување кон него. Зголемената нервоза може да ви го загрози здравјето.
Девица (23.08 – 22.09)
Не ви е јасно што сакате, ниту како да го остварите тоа. Пријателите можат да одгираат важна улога во вашиот живот. Ќе морате да се соочите сами со себе и со она што го гледате пред себе, а клуч за разбирање на состојбата повторно ќе бидат пријателите. Вашите потреби ги надминуваат можностите на партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
Ви се враќа материјалната сила и покажувате склоност кон наметнување на своите идеи. Само ако се контролирате, ќе бидете поштедени од етикетите за арогантно лице. Амбициозни сте и полни со ентузијазам. Друштвено сте многу активни. Плените со начинот на кој комуницирате и со леснотијата на изразување. Добро се чувствувате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Веројатно многу рано сте ги утврдиле сопствените стандарди на однесување, па така чувството за вредност ви е премногу лично. Во состојба сте да влијаете на другите, со цел работата од позадина да биде многу успешна. Можат да ве усреќат обични, едноставни и секојдневни работи. Можен е проблем со варењето.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве обземала мрзеливоста, самопопустливоста и љубовта кон луксузот. Претерано се занимавате со неважни работи, сметате дека сите треба да ве поддржат, а доколку не се исполнат вашите очекувања, реагирате претерано емоционално. Изразена ви е потребата за храна, особено за слатките, чувајте се.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе добиете поддршка од сите луѓе кои ви се блиски, одлучни сте да завршите неколку работи, да ги доведете до нивниот крај. Имате многу можности пред себе да ја пробудите постоечката врска, да започнете нова или да промените неколку партнери, се зависи од вас. Здравствената ситуација полека се подобрува.
Водолија (21.01 – 19.02)
Делувате релаксирачи на луѓето околу себе, па можно е до крајот на неделата да слушате постојано за проблемите и тајните на другите лица. Можеби ќе ви се укаже прилика за патување. Се чувствувате плашливо, пробајте да ги контролирате стравовите и внимавајте како возите.
Риби (20.02 – 20.03)
Животот ви се чини како пустина, правите планови за иднината, но не ве интересираат секојдневните работи туку само големите, а тоа во сегашноста може да ве доведе во незавидна ситуација. Романтиката не е ваша силна страна, но сега како да доживувате промени на тоа ниво. Проверете го видот.
извор: нетпрес