Во ланецот на ресторанот на прочуениот британски готвач Џејми Оливер е воведена принудна управа, со што се загрозени повеќе од илјада работни места на 25 дестинации ширум Англија, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на соопштение на компанијата.
Ревизрско консултантска куќа е именувана за принуден управител во рестораните на компанијата, додека нејзиното работење со меѓународна франшиза и брендот „Fitin Kornvol“ нема да биде погоден, се наведува во соопштението „Џејми Оливер Груп“.
-Длабоко жалам за овој исход и сакам да им се заблагодарам на вработените и нашите добавувачи кои го вложија своето срце и душа во оваа работа повеќе од десет години, порача Оливер.
Принудната управа е воведена како вид заштита од кредиторите.