Бенџамин Масколо е новото момче на ѕвездата на Дизни, Бела Торн, која пушта влакна на пазувите и не сака да се депилира или бричи.
Американската актерка, режисерка и пејачка Бела Торн (22) беше фотографирана на луксузна јахта на крстарење на брегот на Мексико со нејзиното момче Бенџамин Маскол (26), а обожавателите се прашуваат зошто е овој човек е со неа, кога актерката негува„шишки под мишки“.
Имено, Бела беше фотографирана вчера во минијатурно бикини додека пловеше низ Мексико на луксузна јахта, а во тоа ужива и нејзиното момче Бенџамин, кој е сон на многу млади девојки ширум светот.
Бела никогаш немала проблем да ги објавува своите голи фотографии, па затоа не и пречеле папараците.
Многумина во коментари само поради природното издание на Бела прашуваа зошто е ова убаво момче е со неа, кога таа очигледно нема намера да се средува.
„Зошто е овој човек со девојка која не ги бричи пазувите?“, „Дечко, ти си гром за неа“, „Јасно е дека ја сакаш, но зошто не ја убедуваш да се бричи?“, Се некои од коментарите.
Љубовниот живот на Бела со години е главна тема во медиумте. Тие ја поврзаа со Чарли Пут, Скот Дисик, Тан Монг и многу други јавни холивудски личности.