Пејачката Андријана Јаневска летово си обезбеди „играчка“ со која ќе се разладува, забавува, превезува…
Станува збор за мотор од марката „Suzuki V STROM 1000“ со кој Андријана неодамна се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
По објавените фотографии многумина се согласија дека изгледа опасно качена на големиот мотор, други пак, се изненадија дека таа воопшто управува со него.
Сега Андријана повторно се пофали со оваа своја нова активност во секојдневието, овој пат качена на моторот во спортско, но секси издание од мачика и куси тексас панталончиња кои ја истакнаа нејзината витка става и долгите нозе.
„Born to be wild“ – напиша таа за фотографијата, а следбениците и пратија коментари дека навистина изгледа „опасно“.
Кој не би свртел поглед по ваква секси моторџика?
Инаку, последните денови од летото Андријана ги минува во Охрид од каде ги собира последните силни летени сочневи зраци покрај езеро.